ЗДРУЖЕНИЕ НИЕ СИТЕ СКОПЈЕ

Здружение НИЕ СИТЕ Скопје е невладина, непрофитна граѓанска организација која се стреми да ја промовира и зајакне заштитата на човековите права, како и да влијае и да биде дел од процесот на создавање на граѓанско општество со цврсти демократски вредности и владеење на правото

ОБЛАСТИ НА ДЕЈСТВУВАЊЕ

Демократија и владеење на правото

Човекови права

Новите технологии и меѓународното право

Транзициона правда и помирување

Право на здрава животна средина

Родова еднаквост

НОВОСТИ

ПРИЈАВИ СЕ ЗА УЧЕСТВО НА РАБОТИЛНИЦИТЕ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА
ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ „ОБРАЗОВАНИЕ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА“

РАБОТИЛНИЦИ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА
УЧИ! ИСТРАЖУВАЈ! ДЕЛУВАЈ!
 
Пријави се најдоцна до 25.02.2024 година на следниот линк: https://docs.google.com/…/1FAIpQLSe77bi…/viewform…

Здружението НИЕ СИТЕ Скопje ги повикува заинтересираните студенти и млади професионалци од областа на правните и општествените науки, на возраст од 18 до 29 години, да се приjават за учество на работилниците за човекови права наjдоцна до 25.02.2024 година на линкот погоре.
Во рамки на проектот „Образование за човекови права“ ќе бидат организирани шест работилници наменети за студенти и млади професионалци од правните и општествените науки, на возраст од 18-29 година во текот на месец март-април 2024.
Избраните учесници ќе имаат можност да учат од врвни експерти од областа на човековите права, да истражуваат за начинот на кои се остваруваат и заштитуваат човековите права во државата, како и преку споредбени анализи и истражувања да дадат адекватни и иновативни решенија за подобра заштита на човековите права во Република Северна Македонија.
 
Проектот „Образование за човекови права“ е финансиран од Одделот за надворешни работи и трговиjа на Владата на Австралија.

ЗДРУЖЕНИЕ НИЕ СИТЕ ГО ОБЈАВУВА ПРВОТО ИЗДАНИЕ „МЛАДИ ЕКСПЕРТИ“

 Во рамките на инцијативата  “EMERGING EXPERTS, Здружение НИЕ СИТЕ Скопје, Ви ја претставува првата публикација со трудови на студенти и млади професионалци кои пишуваа за актуелни теми од областа на правото и човековите права. 

Публикацијата можете да ја погледнете тука

Здружение НИЕ СИТЕ Скопје учествуваше во подготовката на студентскиот тим за учество на меѓународниот натпревар Philip C. Jessup 2021/2022

Здружение НИЕ СИТЕ Скопје асистираше во подготовките и организацијата на студентскиот тим на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје за учество на меѓународниот натпревар по меѓународно право Philip C. Jessup 2021/2022.

Студентскиот тим на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, во периодот од 02-05 март 2022 година, учествуваше на пред-финалните пријателски натпревари Philip C. Jessup European – Friendlies и го освои 5-то место. Студентката Теа Мицевска освои 7-мо место од Топ 10 најдобри говорници.
Благодарност до Vitalia Healthy Food за поддршката за учеството на овој меѓународен натпревар!